УЈП: Нема извршен никаков поврат на ДДВ од основањето на посочените компании изнесени од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
195 прегледи

Управата за јавни приходи нема вратено 22 милиони евра, ниту воопшто некогаш е вратен поврат на ДДВ кон овие компании, велат од УЈП, коментирајќи ги обвинувањата на портпаролото на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Додаваат дека посочените даночни обврзници се основани во 2022 година, кои кон крајот на 2022 година извршиле промена на седиштето и на управувачката и сопственичката структура со тоа што како нови основачи/сопственици и управители се јавуваат странски државјани- од Р.Косово

-Управата за јавни приходи по службена должност согласно анализа на даночните пријави за ДДВ, насочи контроли по основ на ДДВ за период од 2022 и дел од 2023 година и истите се спроведени согласно расположливите податоци од евиденцијата на Управа за јавни приходи и од доставените ДДВ-Пријави од страна на даночните обврзници.
Во текот на контролите, од МВР побарани се податоци за влез/излез и престојувалиште на управителите со број на патни исправи наведени во историјатот на промени во ЦР на РСМ. Од страна на МВР добиени се податоци дека и во двата случаи, како носители на патните исправи се јавуваат сосема други физички лици ( исто така државјани на Р.Косово), а не лицата чиј број на патна исправа е заведен во ЦР на РСМ при извршената промена односно нивното поставување за основачи/управители на правните лица.

Даночните обврзници поднеле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста) и Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат ниту пребивање со други даночни долгови од основањето на посочените компании, објаснуваат од УЈП.

Оттаму повторуваат дека не станува збор за барање за поврат туку за поднесени даночни пријави со даночно побарување – Аконтации оставени за идни периоди каде во текот на контролата поради несоработка од страна на даночните обврзници и недоставена документација за увид во веродостојноста на евидентираниот влезен данок со право на одбивка искажан во ДДВ пријавите, со контролите истите не се признаени и обврзниците се задолжени со износ на ДДВ кој треба да го платат.

-АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП врз основа на извршена надворешна контрола и утврден наод по основ на ДДВ . Како што и претходно известивме, за констатациите утврдени со контролата ( сомнение за даночно казниво работење) известена е Управата за финансиска полиција, за преземање на натамошни дејствија согласно нивната законска надлежност.

Согласно Законот за даночна постапка имајќи го во предвид начелото за даночна тајна а со оглед на сензитивните податоци до кои доаѓа при вршење на контроли во одредени моменти на постапката Управата за јавни приходи не е во можност истите да ги споделува со јавноста но е во постојана соработка и координација со останатите надлежни институции и истражни органи. Апелираме јавноста да не потпаѓа на изнесените изјави, и да ги следат само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните релевантни институции, велат од Управата преку соопштение.

Стоилковски изјави дека „со исплата кон две фирми од УЈП буџетот е посиромашен за над 22 милиони евра, исплатени како поврат на ДДВ, а се работи за криминал“.

-Залудни се обидите на Сања Лукаревска да демантира доколку не одговори: По кој основ фирмите АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП?

Ако Сања Лукаревска е во право и се било фиктивно, а овие побарувања за поврат на ДДВ не се платени, по која основа на фиктивно сега им бара данок? И второ, ако фирма упати барање за поврат на ДДВ од 11 односно над 12 милиони евра, УЈП утврди дека барањето е фиктивно како што вели Сања Лукаревска, односно било лажно барањето, тогаш дали од УЈП и од Сања Лукаревска бил спакуван предмет за МВР и ЈО, рече меѓу другото Стоилковски.

Слични содржини