Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО, кое е во застој поради Унгарија и Турција.
„Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.
Today I sent an invitation letter to Prime Minister Ulf Kristersson @SwedishPM for a visit to Hungary to negotiate on Sweden’s NATO accession.
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 23, 2024
Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за членство во Северноатлантскиот сојуз, пренесува Хина, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Во меѓувреме, Финска стана членка, но Шведска беше запрена на својот пат од Унгарија и Турција.