Турција денеска би можела да го одобри приемот на Шведска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Турскиот парламент денеска би требало да го потврди членството на Шведска во НАТО, оставајќи ја само Унгарија како пречка за пристапот на оваа нордиска земја во Алијансата.

Турскиот парламент, во кој доминира партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ќе гласа за членството на Шведска речиси 20 месеци откако Стокхолм изрази желба да се приклучи на НАТО, напуштајќи ја својата децениска политика на неутралност по почетокот на руската инвазија на Украина.

Владата ќе заседава во 13 часот

Турскиот парламент ќе заседава во 13 часот по локално време, а меѓу првото на дневен ред се очекува да биде прашањето за Шведска.

Кога парламентот ќе ја ратификува таа одлука, Ердоган треба да ја потпише во рок од неколку дена. После тоа, на патот на членството на Шведска ќе остане само Унгарија. Нејзиниот премиер Виктор Орбан денеска објави дека го поканил шведскиот премиер Улф Кристерсон во Будимпешта за да разговара за ова прашање.

Унгарија тврди дека нема закана за безбедноста на Шведска, која „неразумно ги обвинува“ унгарските власти за поткопување на демократијата.

Слични содржини