Борбите продолжуваат: Хамас го одби предлогот на Израел за двомесечен прекин на огнот

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Хамас го одбил предлогот на Израел за двомесечен прекин на огнот!

Неименуван египетски функционер вклучен во разговорите за АП изјавил дека лидерите на Хамас исто така одбиле да ја напуштат Газа и бараат Израел целосно да се повлече од територијата и да им дозволи на Палестинците да се вратат во своите домови.

Еден ден претходно, Израел преку катарски и египетски посредници му понуди на Хамас примирје во траење до два месеца, при што израелските заложници ќе бидат ослободени во неколку фази во замена за палестински затвореници.

На еден од милитантните водачи, Јахја Синвар, и на другите врвни лидери на Хамас во Газа би им било дозволено да се преселат во други земји.

Соговорникот на АП навел дека Египет и Катар, кои посредуваа во претходните договори, развиваат предлог од повеќе фази за да се обидат да ги премостат празнините.

Според него, предлогот, покрај ослободувањето на заложниците, треба да содржи и решение за завршување на војната и да претстави визија за решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Слични содржини