Рутe: Безбедноста на Западен Балкан е суштинска за заедничката европска иднина

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Премиерот на Холандија, Марк Руте денеска изјави дека ги поддржува амбициите на земјите од Југоисточна Европа за членство во Европската Унија.

На заедничката медиумска конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб, тој рече дека преовладувачката позиција во холандскиот парламент, дека ЕУ може да има нови членки, нема да се промени во новото свикување, велејќи дека тоа не зависи од исходот на изборите, пренесува ХРТ.

Холандскиот премиер изјави дека безбедноста на Западен Балкан е „суштинска за заедничката европска иднина“.

Слични содржини