„Нема да гласаме за влада чиј премиер е наметнат“, вели Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Вечерва пратеничката Дафина Стојаноска во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 потсети дека во 2016-тата година СДСМ не гласаше свои предлог имиња за во техничка влада.

„Дел од минатиот парламентарен состав од кои што денес се сегашни и актуелни пратеници, тие во 2016-тата година не гласале воопшто. Празен е делот од салата каде што тогаш опозициските пратеници на СДС седеле и не гласале за нивните предлози, тогаш Оливер Спасовски и чинам Фросина Ременски“, истакна Стојаноска.

„Ако се држиме до законот или до принципите и ставовите ВМРО-ДПМНЕ нема да ретерира од ова што го кажа. Исто така ние и предложивме и воопшто да нема техничка влада односно ќе требаше да се случат измени на Изборниот законик, тоа не се случи и токму заради тоа почитувајќи го законот ќе предложиме наши имиња, но никаде во закон не стои обврска дека пратеници од опозицијата се задолжени да гласаат ЗА техничка влада“, рече пратеничката.

Стојаноска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада и има доверба во нив.

„Нема да гласаме за влада чиј премиер е наметнат“, нагласи Стојаноска.

Таа посочи дека ДУИ за се одлучува, а СДС молчи и исполнува.

„Гледајќи го собраниското однесување на Талат Џафери, има бројни исклучоци каде што не почитувал закони, не почитувал Устав, лошо се однесувал. Интерпелација му поднесовме, се разбира дека таа не помина. Има и бројни интерпелации скриени во фиока“, укажа пратеничката.

Слични содржини