Уште порано беше најавено дека Opel ќе премине на електричен погон дури од 2028 година, а еден од моделите на пат е наследникот на Crossland, кој ќе го носи името Frontera (името што веќе се користеше за теренецот на Opel во периодот од 1991 до 2004 година).
Електричната Frontera им се придружува на Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric во гамата на EV, која ги вклучува и Corsa Electric, Mokka Electric, Combo Life Electric и Vivaro Life Electric.
Според компанијата, доаѓањето на електричната Frontera означува „значајна пресвртница“ за производителот на автомобили.
Frontera би требало да користи сличен погонски систем како и Corsa Electric. Популарниот хечбек е опремен со батерија од 54 kWh (бруто) и мотор од 115 kW/156 КС, а има автономија од 402 km. Батеријата може да се наполни од 20 до 80 проценти за 30 минути.
Во споредба со Corsa Electric, се очекува мал пад на опсегот за Frontera бидејќи е поголемо и потешко возило.
Со оглед на тоа што електричната Corsa се нуди и со мотор од 136 КС, веројатно ова ќе биде достапно и кај овој нов модел.
Се очекува Frontera да се нуди и во бензински верзии, со благ хибриден мотор 1.2 PureTech.
Целосниот изглед на новиот автомобил допрва треба да се открие, но се очекува да ги следи најновите модели на Corsa и Astra со нов, поелегантен преден дел.
Се очекува и целосно дигитален кокпит со нов инфозабавен систем и системи за помош дизајнирани да го направат возењето и маневрирањето порелаксирано (од нова панорамска камера за рикверц до интелигентна контрола на брзината до систем за предупредување за преден судир со автоматско сопирање и детекција на пешаци).