📷🎥Нов чини 2,5 милиони евра, а користен двојно повеќе: Најбрзиот Mercedes се појави во оглас

од Vladimir Zorba
856 прегледи

Во средината на 2022 година, Mercedes го претстави својот најбрз модел – AMG One. Германското хибридно чудовиште го придвижува комбинација од 1,6-литарски V6 мотор со четири електромотори (еден за менувачот, два за задната оска и еден за турбо), кој испорачува вкупно 1063 КС и Формула 1 возачот, Луис Хамилтон учествуваше во неговиот развој.

Mercedes AMG One од место до 100 km/h достигнува за 2,9 секунди, 200 km/h за 7 и 300 km/h за 15,6 секунди.

Најголемата брзина е 352 km/h. Доволно за да се сруши брзинскиот рекорд на култната „Нирбургринг“.

Иако германската компанија никогаш не ја објави точната цена, се проценува дека купувачите морале да издвојат околу два и пол милиони евра за секој примерок.

Првите испораки започнаа минатата година, а сите 275 произведени примероци однапред ги најдоа своите сопственици.

Една копија од ограничената серија штотуку се појави во оглас, и тоа по двојно повисока цена од нова. Имено, егзотичниот дилер на автомобили F1rst Motors од Дубаи за тоа бара околу пет милиони евра, пишува Motor1.

Интересно, дилерот тврди дека автомобилот има нула километри на бројчаникот, а не открива ништо за потеклото на овој Mercedes.

Слични содржини