Се чини дека Кинезите имаат голема самодоверба. Bloomberg и Automotive News Europe објавија дека BYD може да лансира теренци во Европа кои ќе се натпреваруваат со Mercedes G-Class и Land Rover Defender.
BYD размислува за извоз на Yangwang U8 и Fang Cheng Bao 5 во Европа, според компанијата. Идејата е U8 да се претстави на саемот во Женева. Луксузниот теренец во Кина чини околу 140.000 евра. Се напојува со електричен погон со батерија од 49 kWh, но има и бензинец кој служи како продолжувач на опсегот и се споменува вкупна автономија од 1000 km.
Теренските способности на U8 се зајакнати со технолошко решение со по еден електричен мотор на секое тркало, што му овозможува да се врти на лице место како тенк и да се лизга настрана во паркинг места. BYD тврди дека возилото може да лебди во вода половина час и покрај тежината на празното возило од 3,5 тони, велат од „HAK“.
Bao 5 е опремен со plug-in хибриден погон. Почетната цена е околу 40.000 евра, што го прави подостапен од моделите како Bronco и Defender.
BYD моментално продава 5 модели во Европа – хечбек Dolphin, седани Seal и Han и теренец Atto 3 и Tang SUV.
Портпаролот на компанијата потврди дека во последниот квартал од оваа година на европскиот пазар ќе влезе и марката Denza, која е 10 отсто во сопственост на групацијата Mercedes.
Амбициите на BYD во Европа растат со плановите за изградба на фабрика во Унгарија со почетен капацитет од 200.000 автомобили годишно. BYD има за цел да биде меѓу првите пет брендови во однос на продажбата во Европа до 2030 година.