Украинското министерство за надворешни работи ја критикуваше мрежата HBO за ангажирање на актерот Милош Биковиќ за серијата White Lotus, кој, како што наведе министерството, ја поддржува руската инвазија на Украина.
„Почитуван HBO, дали навистина го поддржувате геноцидот?“, се вели во видеото објавено на профилот на министерството на социјалните мрежи.
Претходно беше објавено дека Милош Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата на HBO, White Lotus.
Miloš Biković, Serbian actor who has been supporting Russia since the start of the full-scale invasion, is now set to star in HBO's The White Lotus Season 3@HBO, is it all right for you to work with a person who supports genocide & violates international law?
📹 @United24media pic.twitter.com/ceWkXVttfp
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) January 24, 2024
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина, сега ќе глуми во третата сезона на серијата White Lotus на HBO“, се вели во објавата на украинското министерство за надворешни работи.
„Дали е во ред за вас, HBO, да работите со личност која поддржува геноцид и го крши меѓународното право?“, се додава.
„Дедлајн“ контактирал со Warner Bros Discovery, и самиот Биковиќ за реакција на коментарот на министерството за надворешни работи на Украина, но засега не е објавен одговор.
За овој случај пишува и „Гардијан“, потсетувајќи дека Биковиќ добил руско државјанство во 2021 година и бил лично пофален од рускиот претседател Владимир Путин за неговиот придонес во руската уметност и култура.