714
Долгоочекуваниот филм на режисерот Мирослав Лекиќ според романот на Вук Драшковиќ „Рускиот конзул“ доаѓа во српските кина на 7 март, а премиерно ќе биде прикажан на 3 март во рамките на 52. Меѓународен филмски фестивал – ФЕСТ 2024 година.
Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години, кои може да се сметаат за клучни моменти од косовската криза, која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово.
Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Славиша Чуровиќ, Енвер Петроци, Тамара Алексиќ и многу други.