Николоски: Мицкоски ќе биде премиер по 8.мај, таа работа е јасна

од Vladimir Zorba
743 прегледи

Ковачевски нема да е сигурно премиер после 8-ми мај, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на парламентарните и претседателски избори и Христијан Мицкоски ќе биде премиер после 8-ми мај и таа работа е јасна. Во однос на оставката на Ковачевски, ова е оставка која требаше да се случи многу порано, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Николоски истакна дека ќе остане оваа влада на СДС и ДУИ како една од најбезличните влади кои Македонија ги имала и влада која убедливо е најкорумпирана и која најмногу ги погази националните интереси.

– Да не заборавиме ова е владата која го прифати бугарскиот диктат и прифати дека македонскиот народ е дрво без корен, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и тоа е официјална Резолуција испратена од страна на Бугарија испратена во ЕУ согласно истиот предлог кој го прифати Ковачевски. Прифатија дека македонскиот народ нема историја пред Втората светска војна, нема своја културна засебност и дека македонската држава е вештачка творба. Вакво национално предавство никој претходно немал, а нема ни да има во иднина, потенцираше Николоски.

Слични содржини