Состојки:
– 300 гр мелено месо
– 1 кромид
– 4 чешниња лук
– 1 црвена пиперка
– 1 тиквичка
– 150 гр тестенини по вкус
– 400 гр пасирани домати
– 2 лажици кисела павлака
– магдонос, сол, бибер
Подготовка:
Загрејте го маслото, а потоа испржете го кромидот околу две минути.
Додадете мелено месо и пржете додека не ја промени бојата.
Потоа додадете ја пиперката исечкана на коцки, малку пропржете, зачинете по вкус, а потоа додадете околу две лажици пасирани домати.
По пет минути додадете ги тиквичките исечкани на коцки, зачинете по вкус и пропржете со повремено мешање.
Додадете ги преостанатите пасирани домати и тестенините и варете додека сè не омекне.
Кон крајот додадете свеж магдонос, бибер, сол и други зачини по желба, а потоа додадете павлака.
По желба, запечете го јадењето во рерна.