Минимални емисиони вредности на цврсти честички покажуваат мерењата на оџаците на Макстил во последното тримесечје од 2023 година. Вредностите измерени на двете мерни точки или се на нула или до шест пати пониски од пропишаните дозволени вредности. Мерењата во текот на целата години ги покажуваат ниските вредности, а истото се потврдува и во последниот квартал од годината.
Во текот на октомври, ноември и декември на мерната точка „Оџак од филтер постројка“ каде граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во декември и изнесува 0,06 mg/Nm3. Највисоката вредност измерена е во октомври 0,31 mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак на пескара“ најниската вредност е измерена во октомври и изнесува 3,95 mg/Nm3, а највисоката во декември со 4,44 mg/Nm3 што е една шестина од граничната емисиона вредност, на оваа мерна точка пропишана на 30 mg/Nm3.
Емисиите со вакви вредности измерени од двата оџаци на Макстил се далеку пониски и од пропишаните европски дозволени вредности.
Во мерењата на Макстил, вредностите на емисиите на цврсти честички покажуваат тенденција на намалување како резултат на имплементацијата на нови современи технолошки процеси во производствениот процес на Макстил и обемните инвестиции во современа опрема.