1,2K
Состојки:
– 400 гр мелено говедско месо
– 1 главица кромид
– 120 мл густ сок од домати
– 200 гр грашок
– 2 лажички лук во прав
– доматно пире од 400 гр
– 400 гр тестенини
– 1 лажичка мајчина душица
Подготовка:
Во голема тава пропржете го месото на умерено загреано масло.
Додадете го исечканиот кромид и пржете заедно со повремено мешање додека кромидот не омекне и месото не порумени.
Додадете грашок, сок од домати, доматното пире, лук во прав, истурете вода и варете додека течноста не испари.
Сварете ги тестенините, процедете ги и измешајте ги во подготвеното јадење.
По неколку минути тргнете го од шпорет и послужете.