Речиси 80 отсто од тунелите на Хамас во Појасот Газа се уште би можеле да бидат недопрени, дури и по 114 дена од почетокот на конфликтот со израелските сили, пишува американскиот Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски и израелски претставници.
Според американскиот весник, тешко е да се процени во колкав процент израелската армија успеала да го уништи подземниот лавиринт на палестинската милитантна група под Појасот Газа од 7 октомври.
Спречувањето на Хамас да ги користи тунелите е клучно за напорите на Израел да ги фати водачите на палестинската група и да ги ослободи преостанатите израелски заложници, рекоа израелските власти, според „Тајмс оф Израел“.
Израел со оваа цел ги оправда нападите врз болниците и другите клучни инфраструктурни објекти во Појасот Газа.