Шерон Стоун за средбите со мажи кои ги запознала на Интернет: „Осуден криминалец и зависник од хероин“

од Stefanija Kuzmanovska
810 прегледи

Иако некогаш беше една од најпосакуваните холивудски актерки, Шерон Стоун сепак одлучи љубовта сега да ја бара со помош на Интернет.

Имено, Шерон во најновото интервју изјавила дека еден од мажите кои ги запознала со помош на апликација за запознавање бил осуден криминалец, додека друг „беше зависник од хероин кој изгледаше како да зел 20.000 инјекции дрога“ на сликата која ѝ ја испратил .

Како што објаснила, отишла на состанок со маж што го запознала на апликацијата и се сретнала со него на договореното место во хотелот Бел Ер во Лос Анџелес, а кога келнерот дошол да ги послужи, веќе била сигурна дека сака да си замине.

„Му кажав на келнерот да ми донесе чаша вода, а веднаш штом тој нарача абсинт или нешшто слично, му се извинив и му кажав: ‘Не можам да останам’“, се присети актерката.

Слични содржини