148
Трет ден беснее пожар во националниот парк Лос Алерсес во аргентинскиот дел на Патагонија, кој се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Пожарот, за кој се верува дека е подметнат пожар, уништи околу 600 хектари во националниот парк Лос Алерсес, а рекордни температури над 40 степени Целзиусови го погодија аргентинскиот дел на Патагонија, пренесува париски „Фигаро“.
„Имаме потврда дека пожарот е подметнат. Одговорните за подметнување на пожарот ќе треба да одговараат на суд“, изјави Игнасио Торес, гувернер на провинцијата Чубут.