203
Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати (Telepathy) на неговата компанија „Неуралинк“ добро закрепнува.
„Првите резултати покажуваат ветувачко откривање на невронската активност“, напиша Маск во објавата на платформата X.
Маск рече дека чипот „ќе ви овозможи да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување“, пренесува Скај њуз.