Повеќе од 80 отсто од реките во Англија се загадени

од Radmila Tasevska
166 прегледи

Новото истражување на непрофитната организација „Angling Trust“ откри дека 83 отсто од реките во Англија покажуваат знаци на значително загадување и дека тоа е резултат на земјоделскиот отпад и канализацијата.

Стотици риболовци учествувале во студијата откако забележале високи нивоа на загадување и отпад во водите во кои ловат риба, пишува „Гардијан“, додавајќи дека риболовците откриле дека 83 отсто од реките набљудувани во истражувањето не ги исполнуваат стандардите за фосфати за поволни еколошки услови.

За водните животни, ова претставува тешки услови за преживување бидејќи фосфатите предизвикуваат прекумерен раст на алгите, што може да го намали нивото на кислород растворен во водата на реката.

„Првиот годишен извештај докажува дека реките низ целата земја страдаат од премногу фосфати што е исклучително штетно во слатката вода. Треба да видиме многу повеќе спроведување и ажурирање на постоечките закони за да се справиме со злото со загадувањето на реките и да ги повикаме загадувачите на одговорност”, рече  Џејми Кук, извршен директор на Angling Trust.

Според сегашните еколошки планови, водоводните компании би можеле да ги исполнат еколошките цели со едноставно отстранување на фосфатите само од нивните најголеми канализациони капацитети кои опслужуваат големо население и од дното на реките.

Ова би значело дека целите би можеле да бидат исполнети со најниско ниво на инвестиции, додека риболовците тврдат дека нивните нови податоци покажуваат дека фосфатите сè уште ќе бидат присутни во повеќето реки.

Министрите во Англија, исто така, планираат да се повлечат од рамковната директива на ЕУ за води, која поставува стандарди за европските водни патишта, што може дополнително да ги ослаби регулативите за квалитетот на водата во земјата.

Слични содржини