Средба на техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски со грчката амбасадорка Филипиду

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду.

На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

Слични содржини