Поканата до Киев да учествува на самитот на НАТО во Вашингтон во јули може да го отвори патот за мир и да го лиши „рускиот диктатор Владимир Путин“ од поттикот да ја продолжи војната против Украина, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на заедничка брифинг со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андрије Јермак во Киев, по повод официјалното започнување на Меѓународната работна група за безбедносни прашања и евроатлантска интеграција, која треба да помогне во тој процес.
„Нема да кријам – според мене, поканата за Украина треба да биде испратена пред самитот на НАТО во јули. Свесен сум дека тоа ќе биде контроверзна и без преседан одлука доколку во НАТО поканиме земја која веќе е во војна“, рече Расмусен.
Тој напомена дека скептиците ќе дадат контрааргумент дека „додека трае војната, НАТО не може да испрати покана до Украина“, но тоа, според него, е многу опасно бидејќи ќе ја зајакне намерата на Путин да ја продолжи војната.