ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Онкологија“: Се чекаше техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите

од Nikola Popovski
559 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека на првиот работен ден, новиот министер за внатрешни работи тргнал во решавање на случајот Онкологија.

-Едноставно се чекаше техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера, потенцираат од партијата.

Од „Белата палата“ прашуваат зошто „случајот се ставаше под тепих“?

-На власта предводена од СДС и ДУИ како да не и се работеше, како да не фаќаше да сработи ништо од што нема корист. Како да се чекаше на техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. Секој сторител на казнено дело треба да се најде пред лицето на правдата, стои меѓу другото во партиското соопштение.

Поранешниот директор на скопска Онкологија, Нино Васев и уште двајца негови колеги се уапсени на работното место под сомнение за инволвираност во случајот со злоупотреба на лекови, потврдија од Клиниката. Надвор од болницата, уапсено е уште едно лице.

Од Обвинителството со куса информација го потврдија случајот, но без конкретни детали.

Проверките за случувањата на Онкологија беа поттикнати од новинарски текст. Беше формирана и анкетна комисија во Собранието на која се сослушаа поранешни функционери и вработени на Онкологија. Заклучоците не се изгласаа со консензус поради различните ставови на пратениците од власта и опозицијата.

Слични содржини