Украинскиот претседател Владимир Зеленски побарал од својот највисок воен командант Валериј Залужни да поднесе оставка, но генералот го одбил тоа.
Британски „Гардијан“ пишува дека тоа предизвикало шпекулации дека, наместо тоа, ќе биде разрешен.
Тензиите меѓу нив двајца, наводно, тлеат со недели поради неуспехот на летната контраофанзива на Украина, но претпоставката дека Залужни би можел да биде заменет ќе биде шок за многумина.
Алексиј Гончаренко, пратеник на украинската опозиција и сојузник на генералот, рече дека „вчера претседателот побарал од Залужни да поднесе оставка, но тој одбил да го стори тоа“, а за овој конфликт ја обвинил разликата во нивните карактери.
„Мислам дека ова е лоша идеја и нема суштински прашања меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради фактот што воениот командант дава политички, а не воени изјави“, навел Гончаренко.