Најавениот „Последен танц“ на теренот меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси се чини дека нема да се случи. Планот беше светот да ги види, можеби за последен пат, двете легенди една против друга во контрола меѓу нивните сегашни тимови Ал-Насер и Интер Мајами. Сепак, Португалецот нема да може да учествува на натпреварот кој е во четврток навечер во Ријад.
Кристијано веќе извесно време лекува повреда и „висеше“ за средбата, иако неодамна беше многу блиску до враќање. Денеска, пак, тој повторно не тренираше целосно, поради што тренерот на Ал-Насер, Луис Кастро претпочиташе да не го вклучи во групата.
Во теорија, останува можноста Роналдо и Лео повторно да се сретнат на теренот, но тоа е сè поневеројатно.
Инаку, уверувањата од штабот на Ал-Насер се дека CR7 сепак ќе биде целосно подготвен за продолжението на сезоната во Саудиска Арабија кон средината на февруари.