233
Белгискиот премиер Александер Де Кро денеска изјави дека е уверен оти сите 27 земји-членки ќе постигнат компромис за време на денешниот самит на Европскиот совет во врска со обезбедувањето финансиска помош за Украина.
„Клучно е да постигнеме договор со сите 27 земји“, рече Де Кро.
Посочи дека на последниот самит во декември е постигнат договор меѓу 26 членки на ЕУ.
„Уверен сум во нашите способности да постигнеме компромис со сите 27 земји“, рече Де Кро.
Тој додаде дека ова е многу важен вонреден самит кој се врти околу една главна тема, а тоа е како да се продолжи поддршката за Украина.