Познатиот актер Бредли Купер во едно интервју откри кое искуство му ја променило кариерата.
Бредли Купер призна дека работата со колегата Винс Вон му ги отворила очите бидејќи дури тогаш сфатил дека може да греши при снимањата. Во 2005 година го сними филмот „Wedding Crashers“ кој му даде можност да се прикаже во малку поинакво светло, со оглед на тоа што пред тоа најмногу играше улоги на позитивни ликови.
„До тој момент, секогаш се трудев сè да изгледа прецизно пред камера. Биди присутен и направи го тоа како што треба“, рекол тој.
„Го гледам Винс Вон како уништува сцена, само ја уништува и потоа бара повторно да ја сними. Тоа беше сцената каде бабата пука во него, тој го зема пиштолот и почнува да бега. На сето тоа, тој вели: „Сакам да го изведам ова повторно…“ Пред сите… Пред таа огромна филмска екипа и осветлување, беше толку стресно… И тоа беше неговата подготвеност за неуспех“, истакнал Купер.
Според него, Вон бил огромен, лош, но и најзабавен тип кој бил подготвен на се.
Инаку, филмот „Wedding Crashers“ доживеа голем комерцијален успех со заработка од 288,5 милиони долари.