Поради Меси беше исфрлен од клубот, сега доживеа трагедија и предавство

од Nikola Popovski
306 прегледи

Родолфо Пизаро, офанзивниот играч за врска на АЕК Атина и поранешен мексикански репрезентативец, доживеал семејна трагедија откако непознати напаѓачи ја убиле неговата тетка, а ги раниле мајка му и вујко му.

Како што пренесуваат локалните медиуми, 60-годишната Елизабет Томас Гонзалес била претепана и задавена, додека нејзината мајка Лаура Томас де Пизаро била тешко повредена во грозоморното злосторство кое ја шокирало мексиканската јавност.

Трагедијата се случила кога мајката и вујкото на Пизаро во придружба на домашна помошничка отишле во куќата што ѝ припаѓала на неговата тетка бидејќи таа не се јавувала на нивниот телефон. Кога мајката на Родолфо влегла во куќата, затекнала страшна сцена, а напаѓачите ги претепале двајцата, додека куќната помошничка успеала да повика помош.

Полицијата набрзо излегла на местото и започнала истрага, а првите информации покажуваат дека зад нападот стојат лицата кои биле одговорни за безбедноста на ова семејство.

Пизаро покрај тоа што играше за мексиканската репрезентација, на пошироката јавност ѝ стана познат како играчот кој го постигна првиот гол во историјата на Интер Мајами и токму тој беше прилично неславно отпуштен од тимот од Флорида за да се направи простор за доведување на Лионел Меси.

Моментално игра во Грција, а во кариерата настапуваше за Пачука, Гвадалахара и Монтереј.