Канје Вест, или како што сега сака да се нарекува Је, не запира со бизарни модни комбинации.
На кошаркарскиот натпревар на неговиот син Сент, 46-годишниот рапер дојде со маска како онаа што ја носеше ликот на Џејсон Ворхис од хорор филмот „Петок 13“.
Раперот носел црна јакна, панталони и чевли, а ја комбинирал со кожени ракавици.
„Дали се прашуваше како ќе се чувствува неговиот син после ова?“ прашуваа луѓето на социјалните мрежи.
Канје ја носеше истата маска на почетокот на оваа недела кога беше изненадувачки гостин на концертот на Тревис Скот во Орландо.
Тој во последно време го привлекува вниманието со фотографиите од неговата 29-годишна сопруга Бјанка Ценсори. Последните недели таа редовно споделува фотографии на кои е или полугола или во бизарни модни комбинации.