Османи утре во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ“

од Nikola Popovski
186 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата “Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема “Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.

Во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.

Слични содржини