Филмска измама: Се јавил во банка, се претставил како директор, па добил 180.000 евра

од Vladimir Zorba
511 прегледи

Непознат маж во банка од германски Швандорф се претставил како директор на фирма во тој град и преку оваа измама прибавил 180.000 евра кои му биле префрлени на сметки во странство.

Како што пишуваат германските медиуми, човекот го договорил трансферот на пари на 2 февруари, но сметководителот на оштетената компанија го спречил да добие уште повеќе пари. Штом ги видел задолжувањата од сметките пријавил се, а потоа случајот го презела полицијата, пренесе „Феникс магазин“.

Банката соопшти дека најголемиот дел од префрлената сума може да му се врати на сопственикот. Така фирмата ќе ги добие парите на краток рок, па не е причинета штета.

Сето ова измамникот можел да го направи бидејќи ги знаел информациите кои „може да ги знае само сопственикот на сметката“, се вели во официјалното објаснување од банката.

Слични содржини