Израелски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса во Ерусалим

од Radmila Tasevska
161 прегледи

Израелски доселеници под заштита на полициските сили денеска упаднаа во дворот на џамијата Ал Акса.

Очевидци изјавија дека десетици доселеници влегле во Ал Акса, од портата Магариба, ги посетиле дворовите на верското здание и изведувале талмудски ритуали, пренесе палестионската агенција ВАФА.

Израелската полиција, стационирана пред портите на Стариот град и џамијата Ал Акса, исто така, спречи влез на палестински граѓани, поради што бројот на верниците се намалува четврти месец по ред.

Слични содржини