Египетските власти најавија дека го добиле одговорот од Хамас за оквирниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа и дека со засегнатите страни ќе разговараат за сите детали од предложената рамка за да се постигне конечен договор што е можно поскоро.
Египетски безбедносни извори изјавиле за „Ројтерс“ дека Хамас покажал флексибилност во својот одговор, барајќи конкретна временска рамка за прекин на огнот по муслиманскиот празник Курбан Бајрам на почетокот на април.
„Египет ќе продолжи да вложува максимални напори за да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што е можно поскоро“, изјави шефот на египетската државна информативна служба Диа Рашван.
Палестинскиот Хамас објави дека позитивно одговорил на меѓународниот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците од заробеништвото на милитантната група „со цел да се обезбеди целосен прекин на огнот“.