Најмалку 30 лица загинаа во нападите на канцелариите на политичарите во Пакистан ,ден пред изборите

од Radmila Tasevska
166 прегледи

Најмалку 30 лица загинаа во одвоени експлозии во канцеларии на политичари во југозападен Пакистан во провинцијата Белуџистан, еден ден пред парламентарните избори, соопштија денеска локалните власти.

Првиот напад, во кој загинаа најмалку 18 лица, се случи во областа Пашин во провинцијата Белуџистан во просториите на независен кандидат, изјави портпаролот на локалната власт Јан Ачакзај.

Друг напад беше насочен кон канцеларијата на исламистичката партија Џамијат Улема, исто така во Белуџистан. Во него загинаа најмалку 12 лица.

Повредените се хоспитализирани, а некои се во критична состојба.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападите, кои ги осуди пакистанската министерка за внатрешни работи Гохар Ејаз.

Нападите се случија иако десетици илјади безбедносни сили беа распоредени низ Пакистан пред изборите поради се почестите напади на милитантите, особено во Белуџистан, кој граничи со Авганистан и Иран.

Нападите најчесто ги извршуваат пакистанските талибанци и распуштената ослободителна војска на Белуџистан.

Белуџистан, пакистанска провинција богата со гас на границата со Авганистан и Иран, повеќе од две децении е место на бунт на националистите кои бараат независност.

Слични содржини