Меџити не заминува: Оставка се поднесува ако не си работел чесно

од Nikola Popovski
197 прегледи

Не поднесувам оставка, останувам министер се додека Собранието не одлучи поинаку, стои во изјавата на првиот човек во здравството, Фатмир Меџити.

Според него, „оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален“, а тоа не планира да поднесе.

-Дали ќе бидам и понатаму ќе одлучат пратениците и Собранието, но ви ветувам после мај пак ќе бидам министер, вели Меџити на брифинг со новинарите.

Според него, се покажало дека ДУИ преку Артан Груби решила да оди до крај против граѓаните и здравствените работници.

Постојат најави дека утре ќе се разгледува одлуката за смената на министрите Меџити и Алиу кои доаѓаат од редовите на АА, после расколот на партијата и делбата на симпатизери на Зијадин Села и Арбен Таравари.

Слични содржини