Научници пробиле мраз дебел 600 метри: Откриле нешто крајно опасно, последиците може да бидат катастрофални!

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Ледената покривка на Западен Антарктик драстично се намалила пред околу 8.000 години, велат научниците откако пробиле 600 метри мраз. Ова откритие е крајно опасно – покажува колку брзо тој мраз би можел да се намали дури и денес, во време на климатски промени.

Дел од ледената покривка се намалил за 450 метри за само 200 години на крајот на леденото доба, се вели во студијата објавена во списанието Nature Geoscience, пренесе CNN.

Тоа е првиот директен доказ за такво брзо губење на мразот каде било на Антарктикот, велат истражувачите.

– Иако научниците знаат дека ледената покривка била подебела на крајот од последното ледено доба отколку што е денес, помалку се знае колку брзо се стопила. Сега можеме прецизно да видиме кога се повлекла, но и колку брзо – изјави Ерик Волф, глациолог од Универзитетот во Кембриџ и еден од авторите на студијата.

Многу брзо се стопи во минатото, додава тој, што значи дека е во опасност да се повтори.

– Ако почне да се повлекува, тоа ќе се случи многу брзо – изјави Волф.

Последиците би биле катастрофални – има доволно замрзната вода во ледената покривка на Западниот Антарктик за да го подигне нивото на морињата и океаните за пет метри. Ова би довело до разорни поплави во крајбрежните градови низ светот.

– Оваа студија е извонредна детективска работа на значаен дел од Антарктикот. Клучната порака е дека количината на мраз на Антарктикот може да се промени многу брзо, со темпо со кое тешко би се справиле – изјави за Си-Ен-Ен Тед Скамбос, глациолог од Универзитетот во Колорадо во Болдер.

Научниците велат дека биле изненадени од податоците за тоа колку брзо ледената покривка се смалила на крајот од последното ледено доба.

– Ледената покривка на Западниот Антарктик е особено чувствителна на климатските промени, бидејќи површината е под нивото на морето. Кога под него ќе влезе потопла вода, таа многу брзо се топи. Тоа се случило пред 8.000 години – рекол Волф.

Изобел Ровел, научник од Британското Антарктичко истражување и коавтор на студијата, вели дека најстрашното е што штом топењето ќе почне да се случува, „речиси ништо не може да се направи за да се спречи тоа“.

Слични содржини