Орбан: Не смее да има милост за педофилите

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска поднесе уставен амандман со кој ќе се спречи помилувањето на осудените за злосторства против малолетници, додавајќи дека негово лично верување е дека „не смее да има милост за педофилите“.

Тој рече дека е иницирана дебата за овластувањата за претседателското помилување, додавајќи дека „сега не треба да бидеме адвокати, туку работите да се утврдуваат јасно и недвосмислено“, пренесе агенцијата МТИ.

Орбан го поднесе амандманот откако опозициските партии во Унгарија го зголемија притисокот врз претседателката на земјата, Каталин Новак, со порака дека таа повеќе нема право да ја извршува претседателската функција откако минатата година го помилува поранешниот заменик директор на државниот дом за деца, кој беше осуден на повеќе од три години затвор за помагање во прикривање на случај на сексуална злоупотреба извршена од директорот на таа институција, кој и самиот е осуден на осум години за злоставување на најмалку десет деца во периодот од 2004 до 2016 година.

Новак, која го помилуваше осудениот заедно со уште дваесетина по повод посетата на папата Франциск на Унгарија во април 2023 година, негираше дека постапила неправилно и ги отфрли повиците за формално објаснување на нејзината одлука.

Слични содржини