Кралицата Камила за болеста на Чарлс Трети: Кралот се чувствува „исклучително добро“

од Radmila Tasevska
246 прегледи

Кралицата Камила вечерва и се обрати на публиката на музичката вечер во катедралата во Солсбери, велејќи дека кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ и оти продолжува со лекувањето.

– Тој многу добро се снаоѓа во овие околности. Тој е многу трогнат од сите писма и пораки испратени од јавноста од целиот свет, рече кралицата.

Лекувањето на кралот од рак почна на почетокот на оваа недела, а тој и кралицата се вратија во нивниот дом во Сандрингам во Норфолк во вторникот, откако се виде со синот Хари.

Војводата од Сасекс се врати кај своето семејство во Калифорнија откако наводно поминал околу 45 минути со својот татко.

Во меѓувреме, принцот од Велс за првпат се врати на кралските должности по операцијата на абдоменот на неговата сопруга Кејт, како и дијагнозата на кралот.

Пристигнувајќи на гала вечера за лондонската служба за брза помош во Лондон во центарот на Лондон синоќа вечер, принцот од Велс и мавна на толпата надвор и рече: „Навистина ги цениме љубезните пораки на сите, ви благодариме“.

Внатре тој одржа говор и повторно им се заблагодари на сите за „љубезните пораки“.

Кралот ги одложи сите јавни обврски, иако продолжува да работи на државните документи.

Слични содржини