Снуп Дог ги прозва Греми затоа што никогаш не освоил награда

од Radmila Tasevska
240 прегледи

Снуп е еден од раперите кои биле номинирани за најмалку 10 Греми, но никогаш не освоиле награда. Заедно со него, кој има 16 номинации, се и Тревис Скот (10), Баста Рајмс (12) и Ники Минаж (12). Но, бидејќи Греми не му оддале почит на 52-годишниот рапер за неговата легендарна кариера, тој одлучи да ги прозва на социјалните мрежи.

Во понеделникот, раперот на Инстаграм сподели фотографија од написот на „Business Insider“ кој го смести меѓу најдобрите уметници кои никогаш не ја освоиле познатата музичка награда и со тоа практично им упати критика без зборови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

Критика им упати и Џеј-Зи

Објавата на Снуп Дог дојде само неколку часа откако Џеј-Зи ги искритикува Греми откако ја прифати неговата „Dr. Dre Global Impact“ награда за неговиот придонес во музичката индустрија. Раперот ги прозва организаторите на Греми и жирито затоа што неговата сопруга Бијонсе никогаш не ја добила наградата за албум на годината.

Неколку моменти подоцна, наградата за албум на годината ја доби Тејлор Свифт, а тоа ги потсети многу гледачи на говорот на Канје Вест на „MTV VMA“ во 2009 година, кога раперот го зеде микрофонот од младата Свифт, која тогаш ја освои наградата за најдобро видео, и порача дека „Бијонсе ја заслужила таа награда“.

„Не сакам да ја срамам оваа млада дама, но таа има повеќе Греми од било кој друг, и никогаш не освоила албум на годината. Некои од вас ќе си одат дома вечерва, чувствувајќи се како да се „ограбени“. Некои од вас можеби и ќе бидат „ограбени“. Некои од вас не припаѓаат во оваа категорија. Кога сум нервозен, ја кажувам вистината“, изјави Џеј-Зи во својот говор.

Слични содржини