📸 Новите фотографии од Бред Пит започнаа лавина од коментари: Што се случува со неговото лице?

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Актерот Бред Пит во последно време изгледа многу младолико, иако неодамна наполни 60 години.

Бред Пит важи за еден од најубавите и најзгодните актери на Холивуд, а во кариерата му помогна и неговиот изглед, без оглед на неговиот несомнен талент и посветената работа.

Тој беше тема на медиумите минатата година кога се појави на Вимблдон и засени многу од своите помлади колеги во публиката. Во тоа време, Пит изгледаше како некој на возраст од четириесет години, иако неодамна наполни 60 години.

Деновиве особено внимание привлече заедничкото појавување на филмскиот фестивал во Санта Барбара, каде Бредли Купер и Бред Пит заедно ја делеа сцената. Возрасната разлика меѓу актерите е 11 години. Всушност, Бред е 11 години постар од Купер, но интересно е што изгледаат како да се иста генерација.

„Ако продолжи со ботоксот, нема да може да трепне“, „Изгледа одлично, но сега сите знаеме дека правел нешто“, „И мажите не сакаат да стареат“, се само дел од коментарите под новите фотографии на актерот.

Слични содржини