Зеленски одржа телефонски разговор со Макрон

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Претседателот на Украина и на Франција, Володимир Зеленски и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа „потребата на Киев“ за оружје и муниција.

– Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.

Според Зеленски, разговорот со Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“.

Елисејската палата соопшти дека Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“.

Макрон и Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија.

Слични содржини