Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата

од Radmila Tasevska
355 прегледи

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и за информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија слични реакции до Министерот за политички систем Артан Груби, кој ноќеска по нивното разрешување им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно бидејќи Али Ахмети се грижи за сите.

„Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ЗАПОЧНА!“,  напишаа Меџити и Алиу. Министерот за политички систем   Артан Груби синоќа, по разрешување на министрите Меџити и  Алиу, на Фејсбук  напиша дека првиот премиер Албанец разрешил двајца министри.

„Првиот албански премиер на Владата разреши двајца министри на ВМРО-ДПМНЕ кое со сите сили ги бранеше денеска во Собранието. Лека ноќ, убав сон, спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас“, напиша Груби.

Не можеме европската интеграција на државата да ја ограничиме на тоа дали господинот Арбен Таравари поминал од власт во опозиција, изјави поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски зборувајќи за последните случувања со Алијанса за Албанците (АА). 

Слични содржини