Средбата меѓу принцот Хари и кралот Чарлс која се одржа пред три дена во Кларенс Хаус во Лондон е на големо анализирана ширум светот.
Некои велат дека тоа е позитивен развој на настаните и дека монархот го обожава својот помлад син, но другата страна вели дека 45-минутната средба и брзото враќање на принцот во Америка зборуваат многу. Има и нови детали од зад сцената кои овозможуваат да се заклучи дека семејните односи воопшто не се како што биле во минатото.
Само тие двајца знаат за што разговарале, но 45-минутната средба, како што пренесува „Мирор“, едвај е доволна за друга тема освен најнеопходната – здравјето на монархот.
Имаше индиции дека Чарлс Трети бил трогнат од ненадејната посета на Хари, кој непоканет пристигна во Лондон, но и дека неговото доаѓање предизвикало одредена вознемиреност.
На Чарлс, кој се бори со ракот, му треба мир и тишина и планирал да замине за Норфолк рано во вторник, но посетата на Хари ги промени плановите. Изворите велат дека кралот нервозно „цупкал“ додека го чекал синот да се врати во мирниот Сандригем.
Набргу по средбата со синот, Чарлс заедно со сопругата Камила се упати кон посакуваната дестинација.
За многумина е изненадувачки што Хари не престојувал во Кларенс Хаус во Лондон или во која било друга кралска резиденција. Одлуката да дојде во Британија ја донел ненадејно, а ноќта ја поминал во хотел во центарот на главниот град.
Се верува дека Чарлс ќе продолжи да се обидува да го поправи односот со својот помлад син.
„Неговата великодушност нема граници, дури и ако се чинеше дека неговите напори не дадоа резултат“, пишува британскиот весник и додава:
„Можеби Хари почнува да гледа појасно: Неговиот татко е само човечко суштество, на крајот на краиштата, човек кој отсекогаш бил покрај својот син и кој нема да биде вечно тука“.