Курти: Бев безбеден во Скопје и покрај заканите поврзани со Белград

од Nikola Popovski
402 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти, по враќањето од земјава, изјавил дека не се чувствувал загрозен во Скопје и покрај информациите дека неговата безбедност е загрозена од, како што рече, „поединци и структури кои имаат врски со официјален Белград“.

Курти во Скопје учествуваше на регионалниот состанок на Партијата на европските социјалисти, а по враќањето пред новинарите изјавил дека неговата безбедност не е загрозена, иако видел бројни полициски сили.

-Дознав дека има многу закани од поединци и структури кои имаат корени во официјален Белград. Само што дојдов од Скопје, не се чувствував загрозен, но видов многу полициски сили кои се грижеа за средбата во Скопје“, рекол Курти за косовските медиуми.

Косовскиот јавен сервис претходно објави дека имало закани од атентат кон Курти, поради што биле воведени строги безбедносни мерки за време на неговиот престој во Скопје, повикувајќи се на извори од безбедносните институции.

Извори за РТК истакнале дека косовските безбедносни институции по добивањето на информацијата ги известиле надлежните институции во Скопје, по што веднаш биле формирани заеднички работни групи кои се распоредени низ Скопје, особено во периметарот на локацијата каде што престојувал Курти.

Македонското МВР и демантираше ваквите наводи, објаснувајќи дека немало обид за атентат, туку дека посетата се одвивала според претходно утврдени правила и безбедносни протокли.

Слични содржини