251
Поразот од Емполи во петокот вечерта беше капката која ја прели чашата – Филипо Инзаги повеќе не е тренер на Салернитана. Клубот од Салерно денеска соопшти дека му врачиле отказ на Инзаги по само четири месеци на клупата.
Салернитана е заглавена на дното на табелата во Серија А со само 13 освоени бодови, а на последните пет меча освои само еден бод.
Нов тренер на Салернитана ќе биде Фабио Ливерани, стратег кој ги водеше Џенова, Каљари, Парма, Лече и Тернана.