📽 Ашер приреди спектакл на Супер Боул, сепак целото внимание го „украде“ Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Со години, полувремето на Супер Боул е синоним за одличен музички спектакл. Пејачот Ашер на овогодинешниот концерт настапи со неколку од неговите најголеми хитови.

Настапот траеше 13 минути, а покрај него се појавија и неколку гости.

Пејачот го отвори својот настап со песната Caught Up, по што продолжи со своите најголеми хитови.

На песната My Boo му се придружи и Алиша Кис која ја изведе и песната If I Ain’t Got You, а посебно внимание привлекоа црвеното пијано и нејзиниот црвен фустан.

Во еден момент, Ашер се појави на сцената во светкава облека. На Ашер му се придружи и Will.I.Am од Black Eyed Peas и ја изведоа песната OMG.

Целиот настап заврши со песната Yeah, на која гостуваа Лил Џон и Лудакрис.

И покрај гласините, Џастин Бибер не му беше гостин на Ашер. Сепак, Џастин присуствуваше на финалето и го бодреше еден од своите први соработници и поранешен ментор од трибините во друштво на неговата сопруга Хејли.

Натпреварот изобилуваше со познати гости, па на трибините свое место најдоа Џеј Зи со ќерките Блу Ајви и Руми, Леонардо ди Каприо, Марта Стјуарт, Пол Руд, Лана Дел Реј и Блејк Лајвли, која ја помина вечерта во друштво на својата пријателка Тејлор Свифт.

Токму Свифт го „украде“ шоуто. За оние кои не се запознаени со светот на американскиот фудбал, новиот избраник на популарната пејачка, Тревис Келси игра за тимот Канзас Сити Чифс, кој оствари победа на овогодинешниот Супер Боул.

Слични содржини