Маричиќ од денеска во Брисел

од Nikola Popovski
178 прегледи

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Брисел, Белгија.

Целта на официјалната посета на Вицепремиерот Маричиќ е во рамки на редовните планирани средби меѓукои со Марко Маковец – заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ (ЕЕАС),

состанок со Министерката за надворешни работи на Белгија Хаџа Лахбиб, состанок со генералниот директор Герт Јан Копман, ГД НЕАР како и средба со Симон Мордју, дипломатски советник на Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за надворешна политика.

Во продолжение од престојот во Брисел, првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе биде дел од официјалната делегација предводена од Премиерот Џафери во Брисел, Белгија.

Слични содржини