221
Северна Кореја денеска истрела неколку крстаречки ракети во близина на својот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.
Ракетите биле лансирани околу 9 часот по локално време, во близина на источниот крајбрежен град Вонсан, соопшти Заедничкиот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја, пренесува „Ројтерс“.
„Го зајакнуваме надзорот и нашата војска тесно соработува со САД и внимателно ги следи дополнителните знаци и активности од Северна Кореја“, додаваат оттаму.