Дронови на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) го погодија големиот руски воен брод „Цезар Куников“ во Црното Море, изјавиле разузнавачки извори за „Украинска Правда“.
Изворите додаваат дека операцијата резултирала со потонување на бродот.
В Чорному морі щось палало. Джерела УП в ГУР кажуть, що підбили черговий корабель ЧФ РФ. Він нібито затонув. Відео з Telegram-каналу "Кримський вітер" pic.twitter.com/00ebSlZ7BM
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 14, 2024
Претходно, руското министерство за одбрана соопшти дека единицата за противвоздушна одбрана синоќа соборила шест беспилотни летала во Црното Море.
Според „Украинска Правда“, во исто време неколку Телеграм канали објавиле дека нешто гори во морето меѓу Алупка и Кацивели, а наводно ниско над водата во таа област кружеле и два хеликоптера Ми-8.
Телеграм каналот „Кримски Ветер“ објави дека дроновите наводно го погодиле воениот брод, а дека подоцна бил забележан руски хеликоптер Ка-27 во операцијата за пребарување и спасување, пишува украинскиот весник.