Драма кај некогаш најдобрата тенисерка на светот: Ја тужела поранешната сопруга за малтретирање, судот одредил затвор

од Nikola Popovski
227 прегледи

Амели Морезмо, некогаш најдобрата тенисерка на светот, ја тужела својата поранешна брачна партнерка Мари Бенедикт Урел за „понижување, уценување и малтретирање“. Како резултат на тоа, Урел добила четиримесечна затворска казна.

Обвинителството, врз основа на доказите, побарало девет месеци затвор за Урел, но по тринеделно судење, судот во Бајон одредил затворска казна од четири месеци.

Претходната година, во септември, Урел исто така била осудена на забрана за доближување до Морезмо, кој сега ја извршува функцијата директор на Ролан Гарос.

Двете биле во врска од 2014 година, се венчале во 2021 година, но по разводот се тргнало во надолна линија и оттогаш нивниот спор трае.

Морезмо е поранешна шампионка на Австралија Опен и Вимблдон. Се задржа 39 недели на врвот на ВТА листата, а по играчката, се сврте кон тренерската кариера.

Фото: CHRISTOPHE SAIDI / Sipa Press / Profimedia